Почетино зборуваше за соработката со Меси: „Имав среќа како тренер…“

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Мисијата на Маурисио Почетино во Париз не успеа. Брзо ја загуби соблекувалната, а кулминираше со уште една сезона без трофеј во Лигата на шампионите.

По отказот, Почетино првпат излезе во јавноста со конкретни одговори. Аргентинецот го демантираше конфликтот со Мбапе, но проговори и за односот со Лео Меси.

– Се сеќавам кога наеднаш се појави можноста Меси да ни се приклучи во Париз, тоа беше пријатно изненадување. Сега може да кажам дека работев со Лео, го видов одблиску и подобро го запознав. Пред тоа имав можност да го видам Марадона одблиску и тоа многу ми значи како Аргентинец. Поминав една година заедно со Меси и можам да кажам дека имав среќа како тренер. За сите нас кои го сакаме фудбалот, можноста да работиме со најдобрите е благослов. Нема сомнеж дека Меси е најдобриот играч на светот. По него, Мбапе ќе биде претендент за круната. Тука е и Нејмар, кој за мене е исто така еден од најдобрите, изјави тој.

Слични содржини