Почина 32-годишно лице од Ковид-19

од Nikola Popovski
390 прегледи

Според Министерството за здравство, пријавени се вкупно 24 починати лица.

Билансот по градови изнесува: 8 од Скопје (32г,53г,68г,71г,73г,83г,87г и 87г), 4 починати лица од Битола (72г,73г,81г и 82г), по 2 од Струмица (71г и 71г), Прилеп (72г и 80г) и Куманово (62г и72г), и по 1 починато лице од Штип (87г),Тетово (75г), Гостивар (64г), Кочани (64г), Охрид (72г) и Струга (71г). Од пријавените, 21 се починати во болнички, а 3 во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 729.337 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.137, бројката на оздравени пациенти е 135.367, на починати е 5.016, а бројот на активни случаи изнесува 12.754, велат од здравство.

Слични содржини