236
Според последниот извештај од Министерството за здравство, пријавено е само едно починато лице од коронавирус во последните 24 часа од Скопје.
Тој имал 80 години и починал во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 851.408 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.616, бројката на оздравени пациенти е 149.790, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 351.