Почина актер кој глумеше во „Титаник“: Сцената со него трогна многумина

од Stefanija Kuzmanovska
445 прегледи

Американскиот актер Лу Палтер почина на 95-годишна возраст.

Како што пишува „The Hollywood Reporter“, тој починал од рак на белите дробови на 21 мај, но веста стана позната дури сега.

Лу Палтер публиката најмногу го памети по улогата во познатиот филм „Титаник“, појавувајќи се на крајот на филмот како постар човек кој лежи во кревет со сопругата и чека водата да ги потопи.

Овој стар пар навистина постоел и загинал за време на потонувањето на Титаник во 1912 година, а тие се основачот на синџирот продавници Macy’s Исидор Штраус и неговата сопруга Ајда.

Слични содржини