Почина актерката Мира Фурлан

од Stefanija Kuzmanovska
512 прегледи

Познатата филмска и театарска актерка Мира Фурлан почина на 65-годишна возраст, објавено е на нејзиниот профил на Твитер.

Таа починала во средата, 20 јануари, но веста беше објавена денес, пренесува „Танјуг“.

Веста ја потврди и нејзиниот пријател, авторот на американската научно фантастична серија Babylon 5 Мајкл Страчински, во која Фурлан ја играше амбасадорката Минбари Делен.

Тој додаде дека веќе извесно време знаел дека нејзиното здравје се влошило, но дека се надевале на најдоброто.

Фурлан е родена во Загреб на 7 септември 1955 година.

Отпрвин беше истакната актерка во Хрватскиот народен театар во Загреб, но во 1980-тите стана една од водечките хрватски и југословенски филмски актерки.

Живееше во Соединетите Држави од раните 90-ти години на минатиот век, каде постигна светска слава за улогите во популарните ТВ серии Babylon 5 и Lost.

Слични содржини