Почина актерот Мустафа Надаревиќ

од Vladimir Zorba

Легендарниот актер Мусатафа Надаревиќ почина по долга битка со сериозно заболување на 77-годишна возраст, пренесува Радио Сараево.

Веста за неговата смрт ја потврди актерот Моамер Касумовиќ за порталот Radiosarajevo.ba.

На него му е дијагностициран рак на белите дробови, а неодамна бил отпуштен од болницата и бил во куќа во Загреб, а според медиумите, тој не ја напуштил куќата поради епидемиолошката состојба.

Мустафа Надаревиќ е роден во Бања Лука во 1943 година.

Иако живеел и работел во многу градови на поранешна Југославија, поголемиот дел од животот го поминал во Загреб.

Театарската кариера ја започна во Младинскиот театар во Загреб, а во 1969 година стана член на Драмата на хрватскиот народен театар во Загреб. Првите големи улоги ги доби во домашни претстави – Богдан во „Хваркиња“, Помет во „Дундо Марое“, Милетиќ во „Оставка“, Леоне во „Глембаеви“.

Својата филмска кариера ја почнува во раните 1980-ти во споредни улоги.

Во филмот „Татко на службено патување“ од Емир Кустурица во 1985 година се истакна со улогата на Зија. Потоа следуваа филмовите „Веќе видено“ на Горан Марковиќ во 1987 година, „Глембаеви“ на Антун Врдољак во 1988 година, потоа „Кудуз“, „Глув барут“, „Одмор во Сараево“, „Пиштол за успивање“, „Ничија земја“, „Гори оган“, „Нафака“ и многу други.

Тој ја воодушеви публиката пред малите екрани со улогата на Изет Фазлиновиќ во серијата „Луд, збунет, нормален“, која се снимаше од 2007 до 2016 година.

Своето режисерско деби го има во 1992 година со претставата „Лет над кукавичјото гнездо“, а после тоа постави неколку одлични претстави – „Балкански шпион“ од Душан Ковачевиќ, „Збунетост“ од Алан Ајкборн во сатиричниот театар Керемпух, „Хасанагиница“ од Милан Огризовиќ во Хрватскиот национален театар театар и Националниот театар во Сараево.

Слични содржини