Почина актерот Ричард Луис

од Stefanija Kuzmanovska
704 прегледи

Актерот Ричард Луис почина на 77-годишна возраст.

Како што пишува „Дедлајн“, тој во април 2023 година објавил дека боледува од Паркинсонова болест, а сега тажната вест ја потврди и неговиот медиумски претставник Џеф Абрахам.

„Неговата сопруга Џојс Лапински им се заблагодарува на сите за љубовта, пријателството и поддршката и бара приватност во овој тежок период“, навел Абрахам, пренесуваат медиумите.

Луис е најпознат по неговата улога во филмот „Робин Худ“ од 1993 година, каде што го играше принцот Џон. Освен тоа, сме го виделе во многу познати филмски и телевизиски продукции, како „Два и пол мажи“, „В.И.П.“, „Џорџ Лопез“ и други.

Слични содржини