Почина Александар Диневски, поранешен контраразузнавач и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
440 прегледи

Почина Александар Диневски, поранешен контраразузнавач и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, кој во јавноста стана познат како дел од „осумтемина“ од последните години пред распадот на екс Југославија, настан со кој се навести демократизацијата во Македонија.

Тој беше еден од осудените во аферата „Шпион“, кој до денеска ја следат бројни контроверзи. Му беше изречена затворска казна од 4.5 години, по што тврдеше дека се работи за политички прогон. Обвинетите тврдеа дека станува збор за целосно монтиран случај.

Веста за смртта на Диневски се рашири преку социјалните мрежи на кои бројни граѓани упатуваат сочуство за неговата смрт.

Слични содржини