Алберт Удерзо, францускиот цртач на стрипови и со колегата и пријател Рене, е автор на Астерикс, еден од најпродаваните стрипови на светот, почина на 92 години, извести неговото семејство.

„Алберт Удерзо почина во сон во својот дом од срцев удар кој не е поврзан со коронавирусот. Веќе неколку недели се чувствуваше многу исцрпено и уморно“, рекол неговиот зет за AFP

Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот поранешен издавач.

Од настанувањето на првиот стрип пред скоро 60 години, албумите со авантурите на малиот војник Астерикс, кој се бори против Римјаните, продадени се 280 милиони примероци на 111 јазици. Истовремено, ликот на АСтерикс стана симбол на модерната Франција. Користен е во филмови, цртани, забавни паркови, игротеки, видеоигри…

Слични содржини