236
Кит белуга, кој претходно во средата беше извлечен од реката Сена, почина, и покрај спасувачката мисија, соопштија локалните власти. Китот денеска беше извлечен од Сена и беше направен обид да се пренесе во морската вода во Нормандија. Китот починал при транспорт.
Откако беше успешно извлечен од реката, беше кажано дека се уште постојат сомнежи за шансите за преживување на китот кој во нормална состојба би требало да тежи околу 1.200 килограми, но тежел 800.
„И покрај невидената операција за спас на белугата, со тага објавуваме дека тој почина“, објавија на Твитер локалните власти на департманот Калвадос.