Бранка Станковска, легендарната радио и тв спикерка и водителка, почина денеска во Скопје на 90-годишна возраст, објави нејзината внука Ирина Костовска.
Станковска целиот работен век од 39 години го помина во Македонската радиотелевизија. Нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 е почеток на програмата на ТВ Скопје.
Станковска ги читаше и вестите на првиот телевизиски Весник, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.