Почина братот на Марадона

од Nikola Popovski
293 прегледи

Помладиот брат на славниот аргентински фудбалер Диего Марадона, Хуго, почина денеска на 52-годишна возраст, соопшти фудбалскиот клуб Наполи.

Италијанските медиуми наведуваат дека Хуго починал како последица на срцев удар.

Веста доаѓа нешто повеќе од една година по смртта на Диего, легендарниот фудбалер кој седум години играше за Наполи од 1984 до 1991 година, чиј стадион сега го носи неговото име.

„Претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис, потпретседателот, тренерите, техничкиот персонал и играчите, заедно со семејството Марадона, ја споделуваат болката предизвикана од заминувањето на Хуго“, се вели во соопштението.

Хуго Марадона, меѓу другото, во својата играчка кариера настапуваше за Аргентинос јуниорс, Асколи, Рајо Ваљекано и Рапид Виена, а беше член и на селекцијата на Аргентина до 16 години.

По завршувањето на професионалната кариера работеше како тренер на бројни младински и аматерски екипи.

Слични содржини