Почина Џеваир Јакупи – Џеки, омилениот бербер на јавните личности

од Stefanija Kuzmanovska
379 прегледи

Скопскиот бербер Џеваир Јакупи – Џеки почина денес, на 38-годишна возраст.

Тажната вест за смртта на Јакупи ја споделија неговите блиски на социјалните мрежи, каде бројни пријатели, познаници и муштерии се збогуваат со нивниот драг бербер.

Во неговиот салон „Џеки Јанг“ чести клиенти беа голем број на јавни личности.

Дел од неговите муштерии беа и Кире Лазаров, Перо Антиќ, Наумче Мојсоски, Дејан Манасков, Дритон Вејсели, Даниел Кајмакоски итн.

Слични содржини