Почина долгогодишниот директор на НЛБ, Љубе Рајевски

од Vladimir Zorba

По тешко боледување вчера почина долгогодишниот директор и член на Управниот одбор во НЛБ банка, Љубе Рајевски.

Роден е на 11 март 1955 година во Скопје. Рајевски како долгогодишен директор и член на Управниот одбор во НЛБ банка придонесе во развојот од штедилница до една од водечките банки во земјата и НЛБ групацијата.

Беше активен и во други професионални и општествени подрачја, претседател и член на одбори (Македонската развојна фондација за претпријатија, Триглав). Љубе Рајевски важеше за еден од најпочитуваните банкари во Македонија, но почитта ја стекна со тоа што беше човек, пред се, посветен на семејството, другарството, соседството и заедницата.

Погребот на Рајевски ќе биде извршен на 12 ноември 2019 на гробиштата Бутел Скопје во 13 часот, капела (12 до 13 часот).

Слични содржини