Почина долгогодишниот партнер на Сандра Булок

од Nikola Popovski
390 прегледи

Брајан Рандал, долгогодишниот партнер на Сандра Булок, почина по тригодишната битка со амиотрофична латерална склероза (АЛС), соопштило семејството.

Холивудската актерка првпат го запознала Брајан, модел кој станал фотограф, во 2015 година, откако го фотографирал роденденот на нејзиниот син Луис. Тогаш и ја започнале врската.

Запознавањето доаѓа пет години по нејзиниот развод со Џеси Џејмс.

„Со голема тага објавуваме дека Брајан Рандал почина по тригодишна битка со АЛС“, сподели неговото семејство со „People“.

 

„Брајан одамна избра да ја чува својата битка со АЛС во тајност, а ние што се грижевме за него дадовме се од себе за да го исполниме неговото барање“, додале од неговото семејство.

Во соопштението, семејството им се заблагодарило на лекарите и медицинските сестри што „често ги жртвувале своите семејства“ за да бидат покрај него.

„Бараме приватност во овој момент за да можеме да се збогуваме со Брајан во мир“, се вели во соопштението на неговото семејство.

Семејството на Рандал побарало донации за Здружението АЛС и Општата болница во Масачусетс наместо цвеќе, наведува „People“.

Не постои лек за амиотрофичната латерална склероза. Болеста е фатална, но напредува со различна брзина кај пациентите.

Луѓето со АЛС се очекува да живеат две до пет години по првите симптоми, иако 10 проценти од заболените живеат најмалку 10 години. Во некои земји тоа е познато и како болест на моторните неврони.

Оваа болест е наречена и Лу Гериг по американскиот бејзбол играч на кој му била дијагностицирана во 1939 година кога имал само 36 години.

Фото: W Blanco / Premiere / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Слични содржини