Двомесечно бебе починало во Општата болница во Кавадарци, а причините за смртта ќе се утврдуваат со обдукција.
„Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеца. Според пријавеното, бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција“, соопшти СВР Велес.