Почина ѕвезда од филмовите „Роки“

од Stefanija Kuzmanovska
337 прегледи

Американскиот актер Бурт Јанг, чие вистинско име е Џералд Томазо ДеЛуиз, кој беше номиниран за Оскар за улогата во филмовите „Роки“ во кои глумеше со Силвестер Сталоне, почина на 84-годишна возраст.

Според неговата менаџерка Линда Бенски, Јанг починал на 8 октомври во Лос Анџелес.

Роден во Квинс на 30 април 1940 година, Јанг служел во американските маринци во 1950-тите, а подоцна студирал глума. Својата кариера ја изгради главно играјќи „опасни момчиња“ и италијанско-американски ликови.

Најдобро е запаметен по неговата улога во првиот филм за Роки од 1976 година, во кој го играше Поли Пенин, месар и алкохоличар кој беше пријател на Роки Балбоа (Силвестер Сталоне). Неговата сестра Адријан се омажи за Балбоа во филмот „Роки II“. Оваа улога му донесе номинација за Оскар.

Првиот филм „Роки“ собра десет номинации за Оскар, а освои три награди.

Јанг ја повтори својата улога во шесте „оригинални“ филмски продолженија.

Јанг бил познат и како сликар, а неговите дела биле изложени во галериите ширум светот.

Слични содржини