Почина ѕвезда од серијата Brooklyn Nine-Nine

од Stefanija Kuzmanovska
346 прегледи

Американскиот актер Андре Браугер, ѕвезда на серијата Brooklyn Nine-Nine, почина на 61-годишна возраст.

Браугер починал во понеделникот по кратко боледување, изјави неговата публицистка Џенифер Ален за новинската агенција PA.

Двократниот добитник на Еми глумеше како капетанот Рејмонд Холт во американската комедија Brooklyn Nine-Nine заедно со Енди Самберг и Тери Круз, играјќи ги полицајците од Њујорк во измислената 99-та станица во Бруклин.

Во 1998 година, Браугер освои Еми за најдобар главен актер во драмска серија.

Во 2006 година, тој ја освои својата втора награда Еми за улогата на водачот на екипа за грабеж, Ник Атвотер во мини-серијата Thief.

Зад себе ги остави сопругата и трите деца.