150
Еден од тројцата пациенти тешко повредени од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад почина денеска во 15 часот во Клиничкиот центар во Војводина, изјави за Танјуг в.д. директорката на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов.
„Се работи за пациентка со најтешки повреди. Таа е петнаесеттата жртва во несреќата што се случи во Нови Сад на 1 ноември. И покрај борбата и напорите на лекарите, таа почина“, рече Туркулов.
Таа додаде дека повредите биле опасни по живот од самиот почеток и дека лекарите продолжуваат да се борат за животот на уште две тешко повредени лица.