Почина Енди Рурк, басистот на бендот The Smiths

од Stefanija Kuzmanovska
296 прегледи

Енди Рурк, басистот на бендот The Smiths, почина на 60-годишна возраст од рак на панкреасот, објавија членовите на бендот на социјалните мрежи.

Гитаристот Џони Мар ја сподели оваа вест: „Со голема тага објавуваме дека Енди Рурк почина по долга борба со ракот на панкреасот. Енди ќе остане запаметен од сите оние кои го познаваа како нежна и убава душа, а од неговите обожаватели како исклучително надарен музичар“.

Тој додаде дека во моментов сите бараат малку приватност.

Рурк свиреше на познатите песни на Смитс, вклучувајќи ги This Charming Man и There Is a Light That Never Goes Out, како и на некои соло песни на Морисеј по распадот на бендот.

Тој исто така беше член на групата Freebass со уште двајца музичари од Манчестер, Гери Маунтфилд од групата The Stone Roses и Питер Хук од групата New Order.