Почина Франсоа Леотар, еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор

од Nikola Popovski
212 прегледи

Денеска на 81-годишна возраст почина францускиот политичар Франсоа Леотар. Веста ја објави францускиот претседател Емануел Макрон на својот Твитер профил.

-Франсоа Леотар и служеше на државата и носеше одлична идеја за културата. Со неговото заминување губиме слободен дух, човек на книгите и посветеноста. Неговиот роден Вар, Франција што ја бранеше и Републиката што ја сакаше, денес чувствуваат голема загуба, стои во твитот на Макрон.

Леотар и е познат на македонската јавност како специјален претставник на ЕУ за време на конфликтот во 2001 година и еден од олеснувачите за постигнување на Охридскиот рамковен договор.

Покрај него, свои потписи на Охридскиот, на 13 август 2001 година, ставија и тогашниот претседател Борис Трајковски, Љубчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Арбен Џафери, Имер Имери и Џејмс Пердју.

Леотар е поранешен министер за одбрана и култура на Франција.

Слични содржини