Почина француската актерка Мирела Дарк

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Познатата француска актерка Мирела Дарк почина на 79-годишна возраст, соопшти радиото RTL повикувајќи се на нејзини блиски. Во 60-тите и 70-тите години на минатиот век култната актерка глуми во педесет играни филма, од кои 13 се режирани од Жорж Лотнер.

Освен актерка, Мирела Дарк е сценаристка, режисерка и манекенка. Во 2005 година станува дама на Легијата на честа на Франција.

Мирела Дарк е родена на 15 мај 1938 во Тулон. Нејзиниот татко е градинар, а мајка ѝ е продавачка во самопослуга.

Завршува на Конзерваториумот по драмски уметности во родниот град, по што во 1959 година се преселила да живее во Париз во трка по актерска кариера. Во 1968 има средба со Ален Дело и двајцата остануваат заедно 15 години. Во 1980 претрпува сообраќајна несреќа, по што е онеспособат за три месеци поради фрактура на ‘рбетот, прават нејзините и операција на срцето.

Малку потоа во 1982 Мирела Дарк и Ален Дело се разделувааат. Во почетокот Дарк работи како модел, а потоа добива мали улоги. Дебитираше во телевизијата во 1960. Во 2003 Дарк и Дело се снимаат во телевизиската серија “Франк Рива”, а во 2005 и 2006 година играат заедно на театарската сцена.

Во 1972 Мирела Дарк се снима во “Високиот рус маж со црна копачка”, во 1974 излегуваат “Ледени гради” и “Враќањето на високиот рус човек”, во 1977 – “Смртта на измама”, во 1981 “За кожата на едeн полицаец “.