Почина Ѓорѓе Марјановиќ: Легендарниот пејач ја загуби битката со коронавирусот

од Vladimir Zorba

Ѓорѓе Марјановиќ, легендарниот српски пејач, почина во текот на денот како последица на коронавирусот, пренесе „Блиц“.

Познатиот музичар бил поврзан за апарати за дишење, а лекарите се бореле за неговиот живот претходните денови.

Марјановиќ е меѓу најголемите ѕвезди во поранешна Југословија, чија кариера траеше повеќе од половина век.

Тој е првиот пејач кој имал официјални фан клубови во поранешна Југославија, и бил огромна sвезда во поранешниот Советски Сојуз.

Има бројни хитови, а „Лазарела“, „Романа“, и „Моје лудо срце“ се само некои од нив …

Слични содржини