Градоначалникот на Амстердам Еберхард ван дер Лан, познат по широката толеранција, почина на возраст од 63 години од рак на белите дробови, минатата ноќ.

Ван дер Лан, е градоначалник од 2010 година, а во септември се повлеќе од функцијата поради болеста.
Тогаш неколку илјади граѓани на Амстердам се собраа пред неговата резиденција и го поздравија со громогласен петминутен аплауз.
Ван дер Лан се однесуваше слободно, не по протокол, за се зборуваше отворено, а во јавноста често беше со цигара в рака.
Во 2013 година одби да го прими претседателот на Русија Владимир Путин, велејќи дека многу е зафатен, а се во знак на протест поради политиката на Русија против хомосексуалците, поради што на зградата на градската управа истакна виножитно знаме.
Ван дер Лам беше правник, а ќе остане запаметен поради прмоција на туризмот во Амстердам.