Почина гвинејскиот пејач Мори Канте, познат по хитот „Yeke yeke“

од Stefanija Kuzmanovska

Гвинејскиот пејач и музичар Мори Канте, кој се стекна со светска слава со хитот „Yeke yeke“ во осумдесеттите, почина на 71-годишна возраст во болница во Конакри, објави неговиот син Бала Канте.


Канте придонесе за зголемената популарност на африканската и гвинејската музика во светот. Неговиот хит „Yeke yeke“ беше објавен во 1987 година и за кратко време продаде неколку милиони копии и го достигна врвот на музичките топ листи во многу земји.

„Канте страдаше од неколку хронични заболувања и често патуваше во Франција на лекување, но тоа сега беше невозможно поради коронавирусот“, рече неговиот син, додавајќи дека неговата здравствена состојба се влошила сериозно во последните денови.

Музичарот беше назначен за амбасадор на добра волја на ОН за храна и земјоделство (ФАО) во 2001 година и беше еден од неколкуте африкански музичари што ја сними песната „Africa Stop Ebola“ во 2014 година за подигање на свеста за епидемијата на хеморагичната треска.

Приходот од песната беше дониран на меѓународната организација „Лекари без граници“.

Слични содржини