Почина холивудскиот актер, омилен”гангстер” на Скорсезе

од desk3
 Актерот Френк Винсент, кого сите го знаеме од филмовите на режисерот Мартин Скорсезе и серијата “Семејството Сопран”, почина во болница во Њу Џерси. Починал за време на операција на срцето. Винсент минатата недела имал инфаркт.

Познатиот и омилен актер е роден во 1939 година во САД во семејството на мигранти од Италија. Отпрвин Винсент бил заинтересиран за музика, но потоа учествувал во нискобуџетен филм со неговиот колега Џо Пеш, каде што тој бил забележан од кинолегендата Роберт Де Ниро и тоа ја предопределило неговата судбина. Мартин Скорсезе, Роберт Де Ниро и Џо Пеш Роберт биле фасцинирани од неговата игра и веднаш го ангажирале да учествува во филмот “Разбеснетиот бик”. Подоцна Франк Винсент имал и незаборавни улоги во уште еден  “гангстерски” филм на режисерот “Добри момци”, како и во “Казино”.  Следува неговото учество во филмот за мафијата на Џон Готи, како и неговат одлична  улога – во серијата “Семејството Сопран”.

l

Слични содржини