Почина хрватскиот музичар Рајко Дујмиќ од поранешните „Нови фосили“

од Stefanija Kuzmanovska

Раjко Дујмиќ, хрватски музичар и водач на поранешните „Нови фосили“, кој заврши во индуцирана кома по сообраќајна несреќа, почина денеска во болницата во Ријека на Сушак.

Од средата вечер, тој беше на одделението за интензивна нега на одделот за неврохирургија при Универзитетскиот болнички центар во Ријека во Сушак. Тој беше донесен таму во средата навечер, откако доживеа тешка сообраќајна несреќа.

Дујмиќ со својот автомобил излетал од патот во бездна длабока 11 метри. Воздушните перничиња се отвориле, но две негови ребра биле скршени, а се здобил и со силен удар во главата.

Слични содржини