Почина ИГОР ВОВКОВИНСКИ, највисокиот човек во САД

од Nikola Popovski
443 прегледи

Највисокиот човек во САД, Игор Вовковински, почина во американската држава Минесота на 38 -годишна возраст. Тој беше висок 234,5 сантиметри.

Неговото семејство објави дека Игор починал од срцев удар во петокот на клиниката Мајо во Рочестер, објави „Си-Би-Ес“.

Мајката Светлана Вовковинска, медицинска сестра на интензивна нега на клиниката Мајо, ја објави веста за неговата смрт на Фејсбук.

Роден е во Украина, а на Клиниката Мајо за првпат дошол во 1989 година на лекување, бидејќи туморот ја притиснал неговата хипофиза и предизвикал лачење на абнормални количини на хормон за раст.

Вовковински се појави во телевизиското шоу „Доктор Оз“, по што поранешниот американски претседател Барак Обама го повика на митинг во 2009 година, кога забележа дека Игор носи маица на која пишува „Највисокиот обожавател на Обама“.

На 27-годишна возраст, Вовковински беше прогласен за највисок човек во Америка во Њујорк во изборот на Гинисовата книга на рекорди.

Според Гинисовата книга на рекорди, највисокиот човек на светот е Турчинот Султан Кесен (2,51 метри).