Почина игумен Теодосиј од Лешочкиот манастир

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Тетовско-гостиварската епархија информира дека вчера почина, а денеска е погребан игумен Теодосиј од Лешочкиот манастир. По опелото тој е погребан во Лешочкиот манастир.

„Искрено сочувствувам со Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ-ОА и Лешочкиот манастир со неговиот верен народ, а поради упокојувањето на Игуменот на Лешочкиот манастир Неговото преподобие о. Теодосиј, кое ете се случи во годината кога Игуменот лешочки Кирил беше канонизиран за нов светител и токму на големиот православен празник Воведување на Пресвета Богородица- Пречиста. Ќе остане во убаво сеќавање, Бог да го прости и да му го направи споменот вечен!“, сподели Даријан Сотировски, директор на Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи.