Актерката Хелен Меккрои, позната по улогите во хит сериите Пики Блиндер и филмовите Хари Потер, почина од рак на 52-годишна возраст, објави нејзиниот сопруг, актерот Дамјан Луис.
„Со скршено срце ве известувам дека по херојската битка со ракот, моќната и убава жена Хелен Меккори почина мирно дома, опкружена со убов на семејството и пријателите“, напиша Луис на Твитер.
Тој напиша дека таа починала како што живеела – бестрашно.
„Ја сакаме и знаеме колку сме среќни што ја имаме во нашите животи“, напиша Луис.
Хелен Елизабет Меккрои е родена во Падингтон, Англија, на 17 август 1968 година, а нејзината кариера експлодира откако наполни 30 години.
Покрај улогите во Пики Блендерс и Хари Потер, таа глумеше и како сопруга на поранешниот премиер Тони Блер во филмот Кралицата. Таа, исто така, одигра десетици значајни улоги во театарот во текот на нејзината кариера.
— Damian Lewis (@lewis_damian) April 16, 2021