Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден на 13 години затвор за претепувањето на пратеникот Зијадин Села, во случајот за 27 април. Ѓорѓиевски ја издржуваше казната во затворот во Штип.
Веста за неговата смрт ја објави Горан Ангелов – Ќосето.
„Почивај во мир, Кире. И ти не дочека како братот Игор Југ да ја видиш слободата! Уште колку треба да умреме од 27-ми за да се наситите, уште колку додека ја чекаме правдата!“
Ѓорѓиевски беше обвинет како лице што му ги нанело најтешките удари на Села за време на упадот во Собранието.
И покрај неговите жалби, Апелациониот суд ја потврди првичната казна од 13 години затвор.
Пред него, во февруари годинава, почина и Игор Југ, исто така осуден во истиот предмет.