Почина ќерката на екс-градоначалникот Талески

од Nikola Popovski
306 прегледи

Почина ќерката на поранешниот градоначалник на општина Битола, Владимир Талески. Неофицијално причина за смртта на 39-годишната жена е срцев удар.

Талески моментално се наоѓа во прилепскиот затвор каде издржува казна затвор во случајот „Транспортер“, а денес ќе биде пуштен со придружба за да присуствува на погребот.

Марија Талеска-Мурговска живеела во Битола и имала семејство и дете.

Слични содржини