На 57-годишна возраст почина постариот брат на Еди Марфи – стендап-комичарот Чарли Марфи.
Причина за смртта на актерот е неуспешната борба против леукемијата, соопштува “Холивуд Репортер”, повикувајќи се на изјава од менаџерот Доминик Нати.
Чарли беше познат не само како одличен комичар, во сферата на стендап комедијата, но и како актер и сценарист на театарски претстави.
Во Холивуд тој влегува во 80-тите благодарение на својот брат, кој го зема за свој телохранител.