Почина контроверзниот српски бизнисмен: Бил заразен со коронавирус

од Aleksandar Petrovski
158 прегледи

Контроверзниот српски бизнисмен Драгослав Космајац(67) почина утринава, дознава српски Курир.

Тој на крајот на март бил хоспитализиран поради коронавирусот, а состојбата од почеток му била сериозна.

Една недела откако е утврдено дека заболел од коронавирусот, Космајац бил приклучен на респиратор, за да денеска ја изгуби битката за живот.

Инаку Космајац беше уапсен во ноември 2014 година во Белград, откако беше доведен во врска со трговијата на наркотици, за што пак никогаш не беше обвинет поради недостиг на докази.