За време на доделувањето на Оскарите на многумина им засолзија очите кога со емотивниот меморијам им беше оддадена почит на ѕвездите меѓу кои беа и Кирк Даглас, Коби Брајант и Дани Аиело.
Додека Били Ајлиш и нејзиниот брат ја пееја Yesterday, обожавателите чекале на екранот да се појави лицето од филмот „Си беше еднаш во Холивуд“ и ѕвезда на серијата Beverly Hills 90210, Лук Пери. Меѓутоа, меморијалот заврпи, а гледачите збеснаа кога сфатија дека Академијата заборави да оддаде почит на актерот кој почина минатата година.
Luke Perry wasn’t in the In Memorial?? He was literally in one of the most nominated films of the night!! Disrespectful!! 😒 #Oscars pic.twitter.com/qILlmPLTgr
— Jesse Manuel Quiles (@_jessemanuel_) February 10, 2020
„Заборавиле да у оддадат почит на актерот кој глуми во филм номиниран во 10 категории?“, запрашал еден корисник на Твитер.
Многу од гледачите преку социјалните мрежи го изразиле воето незадоволсто.
Меѓутоа, името на Лук не е единствено кое е изоставено од меморијалот. Многумина забележале дека не му била оддадена почит ниту на Камерон Бојс, кој со Адам сандлер глумел во филмот Старци. Камерон починал во сон од епилептичен напад минатата година. Имаше само 20 години.