Почина легендарната Пуси Галор

од Vladimir Zorba

Британската актерка Онор Блекман, најпозната по улогата како Бонд девојката, Пуси Галор, почина на 94-годишна возраст, објавија од нејзиното семејство во понеделникот.

Блекман почина од природна смрт во нејзиниот дом во Сасекс, јужна Англија, вели нејзиното семејство во изјава за британскиот весник „Гардијан“.

„Покрај тоа што беше посветена мајка и баба, Онор беше актерка со исклучително продуктивни креативни таленти, со извонредна комбинација на убавина, интелигенција и физички вештини, заедно со нејзиниот единствен глас и посветена работна етика“, се вели во соопштението.

Во изјавата се вели дека Блекман постигнала статус на икона во светот на филмот и забавата со апсолутна посветеност на нејзиниот занает и целосен професионализам

Блекман ја играше Пуси Галор во филмот „Голдфингер“ од 1964 година, а публиката се сеќава и по улогата на Кети Гејл во телевизиската серија од 1961 година „Одмаздниците“.

Слични содржини