31
Тажна вест за сите љубители на фудбалот, почина Свен Горан Ериксон на 76 годишна возраст.
Швеѓанецот си замина од овој свет по долго и тешко боледување…
Поранешниот селектор на Англија утрово починал во својот дом, опкружен со најблиските луѓе.
На почетокот на 2024 година, Швеѓанецот објави дека боледува од рак во терминална фаза и дека има помалку од една година живот.
Пред неколку дена излезе документарен филм посветен на Ериксон, во кој Швеѓанецот практично се прости од сите останати.