Почина мајката на Шер: Се огласи музичката дива (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
394 прегледи

Познатата американска пејачка Шер (76) на својот Твитер профил објави дека нејзината мајка Џорџија Холт починала на 97-годишна возраст.

„Мама ја нема“, напишала накратко Шер со емотикон кој илустрира тага, а во коментарите постојано ѝ стигнуваат пораки на сочувство и утеха.

Џорџија, исто како и нејзината ќерка, беше музичар. Таа е родена во 1926 година, а работела и како модел и актерка.

Шер и нејзината мајка имаа хармоничен однос, а иако имаше повеќе од 90 години, Џорџија изгледаше многу помладо, па не е ни чудно што пејачката го наследила младешкиот изглед.

Слични содржини