Услугите на Мадам ги користеле претседателот на САД Џон Кенеди, внукот на египетскиот крал Фарук Ибраими и шефот на Фиат Џовани Ањели

Во Ница на 92-годишна возраст почина Мадам Клод, најпознатото макро на Франција, која т со своите проститутки ја служа француската и меѓународна елита во периодот 1960-1970 година, објави “Франс прес”.Вистинското име на макрото е Фернандо Грјуде. Таа починала во болница во Ница, каде била хоспитализирана пред две години.
Мадам Клод потекнува од сиромашно семејство. На крајот на 50-тите години на минатиот век таа организира синџир за елитни сексуслуги во Париз. Во 1976 година таа станува клиент на Темис за неплатени даноци во износ од 11 милиони франци.. Откако е осудена, бега во САД. Во 1985 година се враќа во Франција и издржува симболична казна од 4 месеци затвор. Повторно на слобода, таа се враќа на занаетот и пак паѓа во затвор. Староста си поминува во вила на Азурниот брег. Иновација кај Мадам Клод е дека таа не користи класичната бордел, туку ги поврзува директно по телефон богатите клиенти со проститутките. Така се раѓа институцијата на придружнички. Тие се благодарни на Мадам Клод, бидејќи откако менуваат занаетот, стануваат познати актерки, бизнисменка, архитекти и благоверни сопруги на богати поранешни клиенти. Услугите на Мадам ја користеле претседателот на САД Џон Кенеди, внукот на египетскиот крал Фарук Ибраими, шефот на Фиат Џовани Ањели. Мадам Клод соработувала и со француските тајни служби и долги години била под нивниот чадор