Почина малиот Илче кој беше напуштен од родителите

од Берта Китинска
416 прегледи

Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, извршија увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија, каде синоќа почина 11-годишшниот Илче, штитеник на Специјаниот завод Демир Капија.

11-годишшниот Илче, долго време живеел без родителска грижа во Охрид, а според изјава на директорката на Центарот за социјални работи Охрид, детето не било искапено една година, со недели не јадело ништо повеќе од чаша млеко дневно, а неподвижно и беспомошно лежело на чергиче во една соба во куќа.

Починатото момче било згрижено во семеен дом пред еден месец, откако претходно било пронајдено како целосно запуштено живее само во исклучително лоши услови во Охрид.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото дете, во насока на откривање на причините за настанатата смрт.