Актерот Еван Елингсон почина на 36-годишна возраст.
Според TMZ, тој бил пронајден мртов во неговиот дом во округот Сан Бернардино во неделата, а околностите за неговата смрт се уште се нејасни, иако нема траги на насилство.
Таткото на Еван, Мајкл подоцна објави нови информации и рече дека неговиот син починал во установа за трезвено живеење, установа која обезбедува безбедно сместување и безбедни услови за живеење за луѓето кои излегуваат од програмите за одвикнување од дрога.
Имено, Елингсон и претходно имал проблеми со зависноста, но во последно време бил многу подобро, вели неговиот татко.
Еван не е активен во последниве десет години, а публиката најдобро го памети по улогите во „Чуварот на мојата сестра“, „ЦСИ: Мајами“, „Општа болница“, „Исповед“, „Коски“ и други.