Во Офенбург на југоисточниот дел на Германија, 15-годишен ученик застрела и уби врсник на сред час во училиште, кој подоцна почина во болница во четвртокот, соопшти полицијата.
„Повредениот ученик во меѓувреме починал во болница“, се вели во соопштението на полицијата.
Според полицијата, во четвртокот околу пладне 15-годишно момче влегло во училница во училиште во Офенбург во сојузната покраина Баден-Виртемберг и тешко повредило врсник со истрел од огнено оружје.
Потоа бил совладан и задржан до доаѓање на полицијата, а е во притвор поради основано сомнение за сторено кривично дело убиство.
Припадниците на специјалната полиција со часови потоа го пребаруваа училиштето за да се уверат дека сторителот дејствувал сам.
Германските медиуми јавуваат дека станува збор за училиште за ученици со потешкотии во учењето и дека осомничениот е германски државјанин.
Исто така, во средата имаше голема полициска акција во Хамбург, откако двајца ученици се заканија на наставник со огнено оружје, кое подоцна се покажа дека се играчки.