Почина најпознатиот хакер во светот, откриена причината за смртта

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

Најпознатиот и прв хакер на светот, Кевин Митник, кој своевремено беше еден од најбараните сајбер-криминалци на американското Федерално истражно биро (ФБИ), почина на 59-годишна возраст.

Митник почина во неделата по 14-месечна борба со ракот на панкреасот, објави Би-Би-Си.

Тој помина пет години во затвор за компјутерска и интернет измама, откако беше баран од ФБИ две години во 1990-тите.

Слични содржини