Почина најстариот Австралиец: Пред да почине ја открил тајната на долгиот живот

од Stefanija Kuzmanovska
455 прегледи

Најстариот Австралиец, Декстер Кругер почина по кратко боледување на 112 години.

Кругер почина во западниот дел на австралиската држава Квинсленд, во својот дом, по кратко боледување, објави денес „Гардијан“.

Во мај беше објавено дека Кругер, со 111 година и 188 дена, е најстариот Австралиец досега.

Пред него, најстариот Австралиец беше воениот ветеран од Првата светска војна Џек Локет, кој почина во 2002 година – имаше 111 година и 123 дена.

Кругер е роден на 13 јануари 1910 година и го поминал животот како земјоделец. Тој ги преживеа двете светски војни и верува дека исхраната и едноставниот начин на живот придонеле за тоа да живее долг живот, но и еден пилешки деликатес.

– Пилешки мозок. Знаете, кокошките имаат глава, а има и мозок. Тоа се многу вкусни ситници. Само еден залак ви е доволен – рече тој своевремено во интервју за ABC.

Слични содржини