Почина новинарката Ксенија Вучиќ, првата сопруга на српскиот претседател

од Nikola Popovski
416 прегледи

На 56-годишна возраст почина српската новинарка Ксенија Вучиќ.

Ксенија Вучиќ новинарската кариера ја започнала во ТВ Студио Б, работела на радио станиците Фокус и Индекс, а последните години била уредник и директор на кабелскиот канал на РТВ Пинк. Таа била прва сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Веста за нејзината смрт ја објави Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил.

„Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга. Ќе ги известиме семејството и пријателите за местото и датумот на погреб“, стои во објавата на Вучиќ.