Почина папата Бенедикт Шеснаесетти

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Папата Бенедикт Шеснаесетти почина на 96-годишна возраст, потврди Ватикан.

Тој ја водеше Католичката црква помалку од осум години додека, во 2013 година, стана првиот папа што поднесе оставка по Григориј XII во 1415 година.

Бенедикт ги поминал последните години во манастирот Матер Еклесие во рамките на ѕидините на Ватикан.

Неговиот наследник, папата Франциск, рече дека често го посетувал таму.

Иако поранешниот папа бил болен подолго време, Светата столица соопшти дека неговата состојба се влошила поради староста.

Во средата, папата Франциск апелираше до сите „да упатат посебна молитва за почесниот папа Бенедикт“, за кој рече дека е многу болен.

Слични содржини