Почина папата Франциск

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Ватикан преку видео соопштение објави дека папата Франциско почина на 88-годишна возраст, пренесе Ројтерс.

Првиот латиноамерикански поглавар на Римокатоличката црква, соопшти Ватикан во видео изјава во понеделникот, стави крај на често бурното владеење обележано со поделби и тензии додека се обидуваше да ја реформира конзервативната институција.

Тој неодамна преживеа сериозен напад на билатерална пневмонија.

„Почитувани браќа и сестри, со длабока тага морам да соопштам за смртта на нашиот свет отец Франциск“, објави кардиналот Кевин Ферел на ТВ каналот на Ватикан.

„Во 7 часот и 35 минути утринава, римскиот бискуп се врати во домот на Отецот“.

Слични содржини