Италијанскиот писател и филозоф Умберто Еко починал доцна вчера во својот дом. Тоа го соопштија од семејството на 84-годишниот интелектуалец пред италијанските медиуми, без да откријат повеќе детали околу смртта.
Еко боледувал од рак и починал во 9:30 по локално време (како и по македонско), пренесува “Ла република”.
Умберто Еко е автор на култните романи како “Името на розата” и “Нишалото на Фуко”. Познат е со академските трудови и есеи во полињата на семиотиката, теологијата, медиумската и литературна теорија, а заедно со тоа пишува и книги за деца.
Тој не ја прекина никогаш активноста, па минатата година излезе последниот роман – “Главниот број”.
Еко е роден на 5 јануари 1932 година во градот Алесандро во северна Италија. Татко му е сметководител, мобилизиран во 3 војни. Презимето е кратенка на латинската фраза “ex caelis oblatus” – “дар од небото”.
Младиот Умберто е воспитан во католички училишта. Тој стекнува високо образование по средновековна философија и литература во Торинскиот универзитет. Во 1956г. ја објавува својата прва книга “Естетиката на Тома Аквински”, која е проширена варијанта на докторатот.
Во исто време Еко го напушта католицизмот. “Најважниот квалитет на чесниот човек е неподносливоста кон религијата, која нè тера да се плашиме од нешто најприродно на овој свет, смртта, и нè тера да го мразиме единствениот поубав подарок на судбината – животот”, вели Еко.
Од 1956г. до 1964. работи како културен уредник во државните радио и телевизија RAI. Во исто време држи предавања во Торинскиот универзитет. Во 1959г. станува консултант во издаваштво, каде што почнува да ги развива своите идеи во семиотиката.
Во трактатот “Отвореното дело” од 1962. ја изложува својата фундаментална теорија дека секое дело се состои од бескрајна низа од знаци и поради тоа е отворено за безброј можни толкувања.
“На книгите не треба да им се верува, туку треба да бидат истражени. Кога зборуваме за една книга не треба да се прашуваме што ни кажува, туку што значи “, пишува Еко.
Во 1963г. Еко се приклучува на “Gruppo 63” – италијанското авангардно движење на уметници, музичари и писатели, кои бараат нови форми на книжевен и естетски израз. Членството во колективот ja инспирира неговата идна работа. Во 1975. станува професор во Болоњскиот универзитет и објавува “Теорија на семиотиката”. На крајот на 70-тите години веќе е препознатлив експерт и филозоф, но само со неговиот прв роман, “Името на розата” од 1980 година, станува познат надвор од кругот на академиците.
Историското мистично дело, во која се вткаени омилените научни области и теории на Еко, во 1986 година е претворен во филм глуми Шон Конери и Кристијан Слејтер, кој ја зголемува популарноста на писателот.
Умберто Еко е почесен доктор на над 30 универзитети во светот, почесен претседател на Меѓународниот центар за семиотика и когнитивни науки на Универзитетот во Сан Марино и член на Меѓународниот форум на УНЕСКО
. Еко е женет од 1962 година за германската уметница Ренате Еко, со која имаат син и ќерка. Во последните години на својот живот го дели своето време меѓу стан во Милано и вилата крај Римини.