Почина поранешен кинески претседател

од Stefanija Kuzmanovska
118 прегледи

Поранешниот кинески претседател Џијанг Цемин почина денеска на 96-годишна возраст. Според кинеските државни медиуми, поранешниот кинески лидер починал денеска, јавува Би-Би-Си.

Станува збор за кинескиот лидер кој дојде на чело на државата по крвавото задушување на протестите на и околу плоштадот Тјенанмен во Пекинг во 1989 година.

Тој беше една од главните фигури во кинеската историја во последниве децении, водејќи ја земјата во годините кога Кина се отвори во масивни размери и доживеа економски раст.

Под владеењето на Џијанг, кинеската економија доживеа огромен раст, комунистите ја консолидираа својата моќ, а Кина го зазеде своето место на врвот на светските сили. Тој го надгледуваше мирното предавање на Хонг Конг во 1997 година и влезот на Кина во Светската трговска организација во 2001 година, што доведе до силни врски меѓу кинеската економија и меѓународната заедница.

Џијанг, сепак, беше критикуван за жестокото задушување на религиозната секта Фалун Гонг во 1999 година, што се сметаше за закана за Комунистичката партија.

Слични содржини