620
Утринава на 38 години почина поранешната македонска репрезентативка и член на Кометал Ѓорче Петров, Јулија Николиќ, претходно Портјанко.
Николиќ во Кометал настапуваше од 2003 до 2009 година, а во меѓувреме заигра и за сениорската селекција на Македонија. Откако доби македонско државјанство, ракометарката беше еден од најдобрите играчи во својата генерација, препознатлива по својата борбеност.